Идилата исчезна, Хари ја моли Меган да одат на брачна терапија

Војводата и војвотката од Сасекс се во брак само една година, а веќе имаат проблеми во бракот поради што принцот Хари ја моли својата сопруга Меган да одат на терапија во брачно советувалиште.

„Тие неодамна станаа родители, зад нив е и кавгата со Вилијам и Кејт, потоа проблематичното семејство на Меган, многу работи поминаа во таа една година на брак и двајцата се на работ на лудило“, изјави близок пријател на двојката за „Радар онлајн“.

Американската актерка влезе во кралското семејство носејќи одлуки кои не беа во согласност со традицијата на кралското семејство.

Однесувањето на Меган Маркл создаде многу семејни проблеми, но убедени се дека тоа е резултат на стресната прва година во новата средина и новите правила.

Принцот Хари одеше на терапија за да се ослободи од напади на паника и гнев, особено по смртта на неговата мајка Дијана. Неговите пријатели велат дека без стручна помош Хари сигурно нема да можел да ги реши проблемите.

„Хари е свесен дека терапиите го спасија и смета дека тој и Меган треба да одат што е можно поскоро на терапија, додека не биде предоцна“, вели изворот.

Треба да знаете
Последни објави