Судењето против главниот уредник на „РИА Новости Украина“, Кирил Вишински, е апсурдно, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за рускиот дневен весник „Аргументи и факти”.
„Судењето на главниот уредник на РИА Новости Украина наликува на театарот на апсурдот. Нема сомнеж дека тој беше уапсен незаконски, само затоа што работел за руски медиум и чесно ги покривал актуелните случувања”, истакна Лавров.
Тој ги повтори барањата на Русија новинарот веднаш да биде ослободен и неговите права да му бидат целосно вратени.
„Нашите дипломати одржуваат контакти со неговите адвокати бидејќи Украина не ни обезбеди пристап до Вишински. Ние работиме со странски партнери, особено на меѓународни платформи, поттикнувајќи ги да влијаат врз Киев за да може да се најде позитивно решение , “истакна рускиот дипломат.
Во понеделникот, киевскиот окружен суд „Подолски“ го одложи сослушувањето за случајот Вишински до 19 јули.