Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во посета на компанијата САРА-КОЛАНТ во Скопје, компанија од текстилната индустрија која има специјализирани продавници во Скопје и е корисник на поволностите кои ги нуди новиот Закон за Финансиска поддршка на инвестициите.
Министерот Хасан при посетата беше запознаен со работата на компанијата и со современите технологии и процеси кои се користат во процесот на работење, како и идните економски потфати што ќе ги превземе компанијата.
Сопственикот на компанијата, г-дин Вили Филиповски го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Владата, при што министерот им ги презентираше новите измени на Законот и им ја изрази својата поддршка во процесот на остварување на целите на инвестицијата.