Три лица, меѓу кои е и заменикот на турскиот конзул, се убиени во напад во еден ресторан во Ербил во Курдистан, преносува РТ.
Нападот, според наводите на локалните медиуми, се случил попладнево во прометниот дел на престолнината на ирачки Курдистан. Во времето на нападот, во ресторанот биле присутни неколку високи претставници на турскиот конзулат.
Ниедна група засега не презеде одговорност за нападот. Портал „Хабертурк“ првично објави дека нападот го извршила Курдската работничка партија.