Краставиците се полни со витамини, минерали и хранливи материи, вклучувајќи и железо, калциум, магнезиум и витамин Ц, Е и Б. Високата содржина на влакна во краставицата го чисти организмот и ја подобрува метаболичката функција, како и квалитетот на кожата.
Сите оние кои ја пробале оваа диета велат дека им помогнала за десет дена да го дотераат телото до посакуваниот изглед.
Ова е план за исхрана кој мора да се почитува:
Доручек: Измешајте 200 грама сецкани краставици со немасен јогурт.
Ручек: Парче леб и голема чинија салата со краставици. Со салата се јадат и 2 варени компири, а можете да испиете и незасладен чај или кафе.
Друга алтернатива на ручек е комбинација од туна и сецкани краставици, или варено јајце или печено бело месо.
Се препорачува да се направи и смути од 1 краставица, 1 јаболко и рака спанаќ, 20 грама бадеми или ореви и малку ѓумбир. Ова смути ја менува вечерата.
А можете и да вечерате (ако не пиете смути) 300 грама овошје.
Имајте на ум дека оваа диета е строга – во прашање е пост или гладување и не смее да се практикува подолго од 10 дена.
Препораката е да бидете седум дена на овој режим на исхрана, а кога ќе се вратите на нормалниот режим на исхрана да јадете што поздраво, и да се занимавате со физичка активност.