Профилот на пејачата Лејди Гага (33) на социјалните мрежи е полн со коментари на лути Руси кои ја напаѓаат поради наводната афера со актерот Бредли Купер (44), поранешното момче на руската моделка Ирина Шајк (33). На пејачката ѝ пишуваат на кирилица да го врати Бредли на девојката на која тој навистина ѝ припаѓа – Ирина.
Русите се лути бидејќи се чини дека Ирина е понижена во целата таа приказна, па се обидуваат да ги поправат работите.
„Го вративме Крим, ќе го вратиме и Бредли”, пишува во еден коментар.
Цело време пејачката добива потценувачки коментари во кои ја навредуваат и понижуваат, додека Ирина ја фалат. Поради многуте коментари на кирилица, се чини дека никој друг не ѝ пишува на пејачката.