Италијанска и американска полиција започнаа координирана акција против големи криминални семејства, кои сакале да ја обноват својата база на Сицилија.
Повеќе од 200 полицајци, вклучително и припадници na ФБИ од САД спроведоа рано утрото 19 налози за апсење на припадници на кланот „Инкерило“ во главниот град на Сицилија, Палермо и семејството Гамбино со седиште во Њујорк, пренесе Ројтерс.
Организирана криминална група на Сицилија позната како Коза ностра, е во состојба на постојани промени од смртта на шефот Салваторе „Тото“ Ринa, кој почина во затвор во 2017 година, откако помина речиси една четвртина век зад решетки.
Рина започна мафијашка војна на тој медитерански остров во 80-те години, принудувајќи го семејството Инкерило на самонаметнат прогон во САД, додека неговиот клан презеде контрола над територијата на Палермо.
Семејството од тогаш се обидува да ја поврати положбата, потпомогнати од силни сојузници во Њујорк.
Истрагата, наречена „Нова врска“, утврдила дека постои силна врска меѓу Коза Ностра во Палермо и американскиот организиран криминал, со посебен осврт на моќното криминално семејство Гамбино во Њујорк, се наведува во полицискиот извештај. Претходните обвинувања вклучуваат убиства, перење пари и илегална дистрибуција на дрога.