Поранешниот претседател на Перу, Алехандро Толедо е уапсен во САД врз основа на издадена потерница, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител во Лима.
Толедо, кој во Перу се смета за бегалец, одби да ја почитува одлуката на локалниот суд и да помине 18 месеци во притвор пред судењето под обвинение за наводна корупција во случај поврзан со бразилската градежна компанија Одебрехт. Толедо негираше дека е виновен.
Тој беше претседател на Перу од 2001 до 2006 година, а последните години живее во Калифорнија.