СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници. Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид и Охридскиот регион откако 11 години на мал милион начини го злоупотребуваа природното и културно богатство на Охрид притоа грабајќи охромни провизии. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше охриѓани со белосветски измамници како Субрата Рој, го уништуваше Плаошник и градеше неконтролирано и нелегално исклучиво за да се богатее, денес СДСМ ги решава наследените проблеми. Наспроти игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид, сегашната централна и локална власт интензивно работат на спроведување на препораките на УНЕСКО и заштита на културното и природното богатство на Охрид. Владата на СДСМ останува посветена да соработува со Општина Охрид, експертската јавност и невладиниот сектор се со цел со сите сили да се заштитат природните и културните убавини на Охрид кои се значајни и за градот, но и за цела држава.

Треба да знаете
Последни објави