Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница, зад затворени врати, ќе расправа по извештаите на комисиите за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, а ќе одлучува и по барањата за повторно оценување на судиите.
На дневен ред на седницата се и Oдлуката за времено упатување на судија во Основен суд Берово и констатирањето престанок на судија-поротник на Основен кривичен суд – Скопје.