Брат и сестра во Австралија кои одбиле да плаќаат даноци со објаснување дека е против Божјата волја, ќе мора со одлука на судот да платат повеќе од 2,3 милиони австралиски долари.
Фани Алида Бирепут и нејзиниот брат Рембертус Корнелис Бирепут од 2011 година одбиваат да плаќаат даноци, тврдејќи дека тој чин би претставувал бунт против Бога.
Христијанските мисионери неделава биле изнесени пред Врховниот суд во Тасманија, поради даночен долг од над 930.000 австралиски долари и други насобрани долгови.
Судот им рекол дека во Библијата не пишува: „Да не се плати данокот“, поради што ќе мора да го платат долгот кон државата.