Писмото со кое струшкиот градоначалник се откажува од ингеренциите за урбанистичко планирање, уривање дивоградби и доделување и одземање концесии не е пристигнато до премиерот Зоран Заев, вели тој за а1он.
Премиерот вели дека за писмото слушнал само од медиумите.
„Сѐ уште немам добиено такво писмо. Прочитав во медиумите“, рече Заев за а1он.
Градоначалникот Мерко не одговара на телефонските повици за да објасни дали навистина ги отстапува ингеренциите и дали испратил вакво писмо до премиерот Зоран Заев.
Повеќе портали денеска објавија дека граоначалникот Мерко го известил Заев дека се откажува од дел од ингеренциите.
Според пишувањата, во писмото се објаснувало дека Мерко ја донел оваа одлука поради тоа што добивал закани од поединци кои барале дозволи за градба на различни локации но не можеле да бидат дадени поради постоечкиот ДУП. Исто така писмото се поврзува и со вербалните закани кон вработено лице во локалната самоуправа, а за кои денеска информираше и МВР.