Европските земји треба да ги исполнат своите обврски за обезбедување на слободата на трговија за Иран да го зачува нуклеарниот договор, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, пренесува ТАСС.
„Очекуваме тие да ги исполнат своите обврски за нормализирање на економските односи меѓу Иран и другите земји. Ние правиме бизнис со Русија и со Кина, но тоа не е доволно. Европејците – и Е3 и целата ЕУ – се дел од договорот и мора да ги исполнат своите обврски”, рече Зариф додавајќи дека Иран треба да ја продаде својата нафта.