Премиерот Зоран Заев на денешната седница на ЦО ги известил сопартијците дека ќе се одложи лидерската средба која требаше да се одржи утре, пренесуваат дел од медиумите од свои извори.
Според Заев, образложението било дека без присуство на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема причина да се одржува состанокот на кој требаше да присуствуваат и лидерите на ДУИ и Алијансата на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.
Утре се очекува СДСМ да ги соопшти ставовите во врска со Изборен Законик, Попис и Законот за Јавно Обвинителсто.