СВР Скопје во изминатото деноноќие казнила 27 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 21 возачи. Од нив, седум бидејќи управувале возило под дејство на алкохол и 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 17 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 63 мандатни платни налози и 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.