Убиството беше извршено во име на терористичката организација Исламска држава, потсетуваат француските медиуми.
Еден од осудените е 25-годишниот радикализиран трговец Абделсамад Еџуд, кој призна дека го организирал убиството на двете жени, заедно со своите двајца соучесници, Јунес Узијад (27) и Рашид Афати (33).
Данкињата Луиза Јесперсен (24) и 28-годишната Норвежанка Марен Јуеланд беа убиени додека биле на екскурзија во оддалечениот регион во планините Атлас,што се наоѓаат во јужниот дел на Мароко.
Иако во оваа земја и натаму се изрекуваат смртни казни, во неа од 1993 година де факто се применува мораториум врз извршувањето на смртната казна, а во моментов има дебата дали ваквата пракса да се укине, забележуваат француските медиуми.
Во процесот што се води за убиството на младите Скандинавки им се суди на вкупно 24 лица, а дел од нив се осомничени за учество во подготовка на убиството, додека други за припадност кон џихадистичката ќелија. Останатите 21 осомничени добија казни од пет години до доживотен затвор.