Две лица се уапсени во Приштина поради трговија со човечки органи и нелегална трансплантација на органи, соопшти косовската полиција.
Уапсени се една Албанка и турски државјанин.
„Двајцата се осомничени за незаконска трговија со човечки органи и нелегална трансплантација. По налог на обвинител, против нив е поведена редовна процедура“, соопшти полицијата, без да наведе повеќе детали за случајот.