Двајцата вработени кои вчера со сатар го бркаа скопјанецот и ги вознемирија минувачите биле вработени во ресторан во ТЦ „Лептокрија“ .
Според полицијата, вчера М.Т, од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот во ресторанот бил физички нападнат од вработените во ресторанот Л.Ч.(34) и Л.Ш.(43) државјани на Народна Република Кина,а во врска со нарачка на храна. Според пријавата, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне М.Т., а другиот фрлал различни предмети.
По преземени мерки, Л.Ч. и Л.Ш. биле приведени во ПС Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава.