Декларација на СДСМ за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата

Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, поддржан од пратениците, министрите, замениците министри, градоначалниците, Социјалдемократската младина и Форумот на жени, тргнувајќи од интересите на граѓаните и заложбата за воспоставување на владеење на правото и остварување на националните интереси за членство во ЕУ и НАТО, ја донесе следнава:

 

 

Д е к л а р а ц и ј а

За бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата

 

 

Свесни за значењето на владеењето на правото и правната држава,

Свесни дека криминалот и корупцијата претставуваат огромна закана за владеењето на правото, демократијата, човековите права и правдата и закана за економскиот развој и функционирањето на пазарната економија,

Свесни за штетните последици од корупцијата врз поединци, правни лица и државните институции,

Се обврзуваме на наша целосна посветеност:

  • На јакнење на институциите и системот на државата
  • На борбата против криминалот и криминалците
  • На почитување на интегритетот во извршувањето на функциите
  • На транспарентно, отчетно и одговорно работење,

Даваме целосна поддршка на институциите на државата за бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и

Потврдуваме дека наша цел секогаш била и останува владеење на правото, правда за сите, правичност и доследно почитување на човековите права!

Треба да знаете
Последни објави