СЗО ја прогласи смртоносната епидемија на ебола во Конго за итна меѓународна здравствена криза кога вирусот неделава се прошири во градот Гомa сo два милиона жители, кој се наоѓа на границата со Уганда, а според тврдењата на конгоанските власти, еболата во градот ја донесел свештеник што користел неколку лажни имиња, пренесува „Јаху њуз“
„Пасторот што ја донел еболата во Гома користел неколку лажни имиња за да го скрие идентитетот додека патувал кон градот“, велат неименуван извор од Конго.
Се наведува дека СЗО, која ја прогласи епидемијата вчера, ден претходно објавила дека тој пастор починал и дека здравствените работници се трудат што побргу да ги најдат десетината луѓе со кои бил во контакт вклучувајќи ги и неговите сопатници од автобусот.
Министерот за здравство на Конго, Оли Лунга, се спротивстави на прогласувањето на епидемијата за итна здравствена ситуација.
„Ја прифаќаме одлуката на стручниот комитет, но се надеваме дека таа одлука не е донесена под притисок на одредени групи кои сакаат на овој начин да соберат средства за одредени хуманитарни актери“, вели Илунга.
Ова е петта меѓународна здравствена криза во светската историја. Претходните беа прогласени поради уништувачката епидемија на ебола во Западна Африка, која траеше од 2014 до 2016 година и однесе повреќе од 11.000 животи, како и поради вирусот зика во Америка, пандемијата на свински грип и поради детската парализа.