Катица Јанева на боледување од 16 јули

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од 16 јули официјално е на боледување, потврдија од СЈО.

Боледувањето Јанева го отворила на 16 јули, односно еден ден откако депонира оставка од функцијата, која, како што соопшти, ќе биде активирана штом се постигне договор за законот за јавното обвинителство.

Ден подоцна, во вторникот, на Катица Јанева по наредба на Обвнителството за организиран криминал, и беше одземен мобилниот телефон поради случајот „Рекет”.

Треба да знаете
Последни објави