Матео Ковачиќ по една сезона мината на позајмица во Челси, ова лето и дефинитивно направи перманентен трансфер во клубот од „Стемфорд Бриџ“, и на тој начин стави крај на својата етапа во Реал Мадрид која сигурно нема да ја памети добро со оглед на минутажата која ја добиваше.
Хрватскиот играч за врска одлично одговори на барањата од Маурицио Сари, но сега, трета сезона по ред, одновно ќе мора да се адаптира на нови барања од различен тренет, бидејќи Челси неодамна ја назначи клупската легенда Френк Лампард како нов менаџер на првиот тим. Лампард го остави Дерби и ја прифати понудата која не се одбива, а играчите од првиот тим по само неколку тренинзи со легендарниот играч за врска, сфатија какви барања ќе има од нив во новата натпреварувачка сезона.
– Сите го познаваат Лампард доста добро. Јас се запознавам со него и изгледа како многу добра личност со јасни идеи. Тој веќе јасно знае како сака да игра тимот. Побара од нас две работи, да бидеме агресивни и да играме добар фудбал. Посебно бара да бидеме агресивни, кога ја имаме топката, да играме брзо. А, кога ја немаме топката во наши нозе, брзо да ја вратиме. Тоа е нешто како неговиот стил на игра додека беше играч. Стилот од играчките денови го префрли во своите тренерски задачи, – потенцира Хрватот.