СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и уставот, а најмногу пред граѓаните – рече пратеникот Костадин Костадинов.
Прв кој го пријавил случајот „Рекет ” бил токму претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, правната дежава функџионира, додаде Костадинов.
Од страна на СДСМ беа поставени две прашања во однос на овој случај и сметаме дека доколку не добиеме одговор, може драстично да ја променат ситуацијата, дополнително оставаме институциите детално да го разгледаат случајот се со цел во во интерес на правната држава и интересот на сите граѓани.
Мицкоски треба да даде одговор на прашањата: Дали имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор ?
И дали посегнал по парите на еден од осомничените?
Костадинов на темата за јавниот долг, посочи дека многу е јасно кој е дирекниот виновник за задолжувањето на државата. Ако претходно опозицијата земала кредити со каматнио стапки од 10 отсто , денес оваа Влада тоа го прави со каматни стапки од 2.7 отсто.
Костадинов додаде дека смешно е да се збори за инфраструктурни проекти, автопати и регионални патишта , а да се оставаат бандери сред автопат и далноводи кои освен тоа што ја нарушуваат безбедноста на автопатите , туку и излегуваме смешни пред светот, а се со цел да се прикаже поголема реализација на проекти од страна на тогашната власт.
Денес , на оваа власт и останаа во наследство поправање и решавање на таквите проекти на опозицијата. Патот Штип –Радовиш 40 години не беше рехабилитиран и небезбеден за возење, а денес покрај тоа што го рехабилитиравме , правиме и експресен пат.
Патот Струмица-Берово е ревилитизиран , отвараме граничен премин Клепало со цел просгрес на тие општини. А истовремено се работи на 60 патни правци во државава.
Кога се зборува за евроинтеграциите Костадинов ги повика опозицијата заеднички да се вложат за подобра иднина на државата.
Со такви нерасчистени криминали ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане опозиција-заврши Костадинов.