Екипата на „Македонија Ѓорче Петров“ претрпе пораз и на реванш натпреварот од „Алашкерт“ со убедлив резултат 0:3, со што се елиминирани од натамошните натпреварувања во Европа.
Освен желба за пласман во следниот круг на натпреварувања, по поразот од 3:1 во Ерменија, Македонија не покажа ништо друго од тоа што го најави за денешниот реванш.
Првиот гол гостите го постигнаа преку Ненадовиќ во 21. минута , и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Вториот дел од натпреварот исто така им припадна на гостите, кои постигнаа уште два гола, и тоа во 68 минута со голот на Тиаго Галвао поведоа на 0:2.
После само шест минути односно во 74 минута, Восканјан го заокружи конечниот резултат на натпреварот 0:3 за гостите од Ерменија.