Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, оствари одвоени работни средби со амбасадорите на Иран, Хосеин Карими и на Италија, Карло Ромеро.
Како што информираат од неговиот кабинет, министерот Нуредини на средбата со иранскиот амбасадор изразил подготвеност за изнаоѓање заеднички приоритетни теми за соработка во балансот помеѓу одржлив развој и економски бенефит.
На средбата со италијанскиот амбасадор Ромеро, Нуредини изразил почит и благодарност за поддршката што Италија ја дава во евроинтегративните процеси на нашата држава, како и спремност за соработка за долгорочни решенија во исполнување на ЕУ критериумите во областа на животната средина.
На средбата исто така била актуелизирана темата за потпишување на нацрт-меморандум за соработка во областа на ранливост на климатските промени, процена на ризик, адаптација и ублажување меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за животна средина, земја и море на Република Италија.