Како што тврдат експертите, пливањето е најдобрата рекреација која некој може да си ја приушти себеси, без оглед на телесната тежина и годините.
Додека пливате во базен, море, река или езеро, секој мускул се активира, а притисок на зглобовите не постои, како што е тоа случај кај останатите и „класични“ вежби.
Ако имате проблеми со зглобовите или едноставно ви е тешко да правите вежби дома или во теретана, ви препорачуваме секојдневно да одите на базен, река или езеро, а ако одите на море, да пливате што е можно повеќе секој ден.
Во недамнешните истражувања докажано е дека пливањето, односно водата има смирувачко дејство на психата и делува исто колку и една медитација. Додека се плива или само „се лебди“ на површината на водата, мозокот се опушта и не размислува за ништо – што претставува одличен одмор за телото, но и за психата.
Пливањето и нуркањето се одлични вежби за белите дробови, па со самото тоа и ги намалуваат сите симптоми на астмата.
Со редовно вежбање, па и со пливање, се намалува нивото на шеќер во крвта. Со самото тоа се намалува и ризикот од развивање на дијабетес – кој се смета за болест на денешницата.