Кога Христијан Мицкоски зборува за глави и пипци на октоподи, знае и тој, како и целата јавност, дека единствената глава на криминалниот октопод е во Будимпешта и се вика Никола Груевски, велат во соопштение од владејачкиот СДСМ.
Од таму го повикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во позната дискотека, а потоа и во седиштето на партијата.
Според СДСМ, Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија е, како што се вели, одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, главатарот Никола Груевски.