Восочните фигури од Џоковиќ, Путин и Тито главна атракција за туристите во Србија

Музеј на восочни фигури во српскиот град Јагодина, кој е единствена во Србија, овие денови е најпосетена дестинација на туристите, а фигурите од рускиот претседател Владимир Путин и српскиот тенисер Новак Џоковиќ, привлекуваат најголемо внимание, рекле вработените во музејот, пишува Танјуг.

Фигурата од првиот рекет во светот е поставена во 2012 година, а веднаш по нејзиното поставување, посетите на музејот се зголемиле за 30 отсто, додека фигурата на Путин, поставена во 2016 година, го подигнала нивото на посети за 50 проценти, велат од музејот.

Млади луѓе и спортисти најмногу се задржуваат кај фигурата на Џоковиќ, а повозрасните и странците кај фигурата на Путин. Сите се фотографираат покрај овие фигури. Големо внимание привлекува и восочната фигура од претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито, како и од неодамна поставените фигури од поранешниот и сегашниот претседател на Египет, Гамал Абдел Насер и Абдал Фатах Ел Сиси.

Претседателот на градското Собрание, Драган Марковиќ-Палма најави наскоро фигура и од претседтелот на Србија, Александар Вучиќ и првиот потпретседател на Владата, Ивица Дачиќ.

Треба да знаете
Последни објави