Пратеникот Антонио Милошоски откако денес СЈО потврди дека Јанева е на боледување, се огласи на Фејсбук.
Милошоски напиша дека всушност лекарското за боледувањето на Јанева, е неверодостојно.
„СЈО, го крие боледувањето! Но јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест.Специјалната обвинителка е е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично“, напиша Милошоски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2752550414774220&set=a.258786697483950&type=3