Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека американскиот воен брод USS Boxer соборил ирански воен дрон над теснецот Хормус, главниот морски премин во Персискиот Залив преку кој поминуваат огромен број нафтени танкери, а во кои се наоѓа и американскиот брод.
Американските извори тврдат дека нападот е дефанзивен чин, со оглед на тоа што иранската страна ги игнорирала барањата дронот да се оддалечи од USS Boxer.
– Ова е само последното во низа провокативни и непријателски ирански потези против бродовите во меѓународните води. Америка има право да ги брани своите вработени, објекти и интереси и ги повикува сите држави да ги осудат напорите на Иран да се мешаат во слободната пловидба и глобалната трговија, рече Доналд Трамп.