Граѓаните што живеат во непосредна близина на детската градинка „Бамби“ и ОУ „Љубен Лапе“ добија целосно обновен паркинг со површина од 1600 квадратни метри.
Имено, денеска завршија градежните активности на кои се работеше во изминатиот месец. Реконструкцијата опфати машинско гребење на оштетениот асфалт, чистење и обеспрашување на изгребаната површина и машинско асфалтирање, а во наредниот период ќе се обележи и сообраќајната сигнализација.
Општина Аеродром активно работи на подобрување на инфраструктурата и на условите за живот на граѓаните.