Во подрачјето што беше погодено од земјотресот во Грција во моментот има проблеми со електричната енергија и телефоните, јавуваат локалните медиуми.
Засега нема информации за повредени лица и материјална штета, но потврдено е дека во некои делови од централна Атина нема струја, а проблеми постојат и со мобилните телефони и фиксните линии.
Компаниите апелираат до корисниците да ги употребат интернет-сервисите како што се „Вибер“ и „Скајп“ бидејќи линиите се презафатени.
I’m in Athens for my first work as an artist with @conflictandart. Athens is abuzz but it seems safe in our corner, with folks spilling out of the buildings after an earthquake shook the city moments ago, cracks on the walls here at the Serafio space pic.twitter.com/6CSVCi9icm
— Asra Nomani (@AsraNomani) July 19, 2019
Локалните медиуми пренесоа дека жителите на Атина во паника истрчале од зградите.
Според податоците, земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случил околу 14 часот. Епицентарот е на 23 километри од Атина на длабочина од 13 километри.