Вишински: Не сум предмет за некој да ме разменува

Главниот и одговорен уредник на „РИА Новости Украина“ Кирил Вишински, кој е затворен во Украина, изјави на суд дека се противи на каква било размена која ја предложила киевската власт, пренесува „Спутник“.

„Немам намера нигде да бегам. Сакамправду. Слушнав дека сакаат да ме разменат, но јас не сум предмет за некој да ме разменува“,вели Вишински.

Според него, ако суд одлучи да го ослободи, тој планира и понатаму да се занимава со новинарство.

Вишински побара од судот да го ослободат од притвор, додека обвинителството бара продолжување на притворот за уште два ,есеца.

Укрјинскиот претседател Владимир Зеленски претхпдно изјаву дека Киев е спремен да го размени Вишински за Олег Сенцов, кој е осуден во Русија за подготовка на терористички напад.

Сенцов во Русија е осуден на 20 години затвор за организирање терористички напади на Крим. Него го уапсија припадниците на ФСБ меѓу припадниците на диверзантската група „Десен сектор“ (екстремистичко движење забрането во Русија), кои подготвувале терористички напади на Јалта, во Симферопол и во Севастопол.

Треба да знаете
Последни објави