Забрането капење на плажа во Дубровник поради квалитетот на водата

Инспекторатот за заштита на животната средина го забрани капењето на плажата Доње Чело на островот Колочеп во близина на Дубровник, поради незадоволителни микробиолошки параметри, според Index.hr.

Вчера инспекцијата изврши инспекциски надзор во Дубровник по повод пријавувањето и доставените извештаи од Институтот за јавно здравје на Дубровско-неретванската жупанија за дополнително испитување на таа плажа.

По анализата, на приодот кон плажата беше официјално објавено дека капењето е забрането.

Ова е веќе трета плажа во Дубровник, која е затворена во  оваа туристичка сезона поради загадување со фекални води.

Треба да знаете
Последни објави