Осум повредени при евакуација од авион на аеродромот во Москва

Осум патници се повредени за време на евакуацијата наложена кога чад ја исполнил кабината на еден авион на московскиот аеродром „Шереметјево“, изјави за ТАСС портпаролот на службата за итни случаи во Московскиот регион.

„Осум лица беа повредени додека се евакуираа со помош на душеците за евакуација”, изјави изворот, додавајќи дека двајца од нив биле хоспитализирани, но дека никој од повредените нема сериозни повреди.

Додека авионот „боинг-747 ” на „Нордвинд ерлајнс” пат кон Ереван се подготвувал на пистата, екипажот сигнализирал за чад во кабината. Пилотите го откажале полетувањето, а патниците биле евакуирани и однесени на аеродромот.

Според спасувачите, на летот имало 187 лица.

Треба да знаете
Последни објави