Прегазена тинејџерка во Тетово

Тинејџерка била прегазена вчера во Тетово, информираше МВР.

-На 18.07.2019 во 18.30 часот на булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, Ш.Х.(47) од село Вејце, управувајќи автомобил „Фолкваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во Т.А.(18) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.А.  и била пренесена во болницата во Тетово.  Увид извршила екипа од СВР Тетово, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави