Русковска без коментар дека ќе ја менува Јанева

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за Фокус вели дека сѐ уште е прерано за било каков коментар дали би прифатила да застане на чело на новото СЈО.

-Кога ќе биде усвоен Законот, тогаш би можела да кажам став. Вака е беспредметно, бидејќи може законот да претрпи измени, вели Русковска.

Таа додава дека изјавата на премиерот Заев ја не ја слушнала во целост, бидејќи била затекната додека работела. Обвинителката Русковска сепак се согласува дека тоа што премиерот Заев ја предлага токму неа, е чест за неа, бидејќи е признание за нејзината досегашна работа.

Треба да знаете
Последни објави