Филипинската полиција соопшти дека најмалку 9 ученици од средно училиште загинале, а 16 се повредени кога камион во кој се наоѓале ја загубил контролата и се превртел.
Полицискиот инспектор, Нелсон Саквибал изјави дека меѓу повредените е и возачот кој бил превезен во болница по несреќата.
Учениците од две селски училишта требало да присуствуваат на фестивал за културата, здравјето и спортот. Саквибал во телефонски разговор изјави за „АП“ дека дел од учениците биле заробени под камионот.