Стотици католици се собраа во американскиот главен град Вашингтон, во знак на протест поради третманот на федералната влада спрема мигрантите, при што беа уапсени околу 70 чесни сестри, свештеници и парохијани.
„Вашингтон пост“ објави дека демонстрантите со фотографии од деца на мигрантите кои починаа во сојузниот притвор рецитираа молитва додека протестираа пред зградата на Канцеларијата на Сенатот, објави АП.
READ the latest on this story here: https://t.co/141EE7BQnd #CatholicDayOfAction
— Marissa J. Lang (@Marissa_Jae) July 18, 2019
Имињата на децата одѕвонувале, додека некои демонстранти легнале на подот формирајќи крст.
Ова е вторпат оваа недела верниците да протестираат во Вашингтон и да повикуваат на распуштање на имиграционите и царинските служби и на укинување на пренатрупаните центри за притвор на американско-мексиканската граница.
Во Вашингтон е во тек Министерска конференција за верски слободи.