Катица Јанева за неполни четири години од раководењето со СЈО има земено околу 150.000 евра од парите на граѓаните како плата, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем дел од граѓаните толку пари немаат видено за целиот свој живот, но и тоа е малку за ликови како Јанева, па истите се инволвирани во рекетарски скандали со функционери и јавни личности од СДСМ.
-Катица Јанева исчезна. Ни за 150.000 евра не чувствува одговорност пред медиумите и граѓаните. Си отворила боледување, а се пишува дека заминала од Македонија. За нејзино што поскоро враќање и оздравување, во име на граѓаните, на Катица Јанева и оставаме чанта од марката на Луј Витон. Не е баш оригинал какви што си купува нејзиниот пријател Боки 13 но се наоѓа на пазарите во Македонија. Прочитавме дека нејзините драги лица ги обожаваат овие марки на чанти, а особено кога се наполнети со по милиони евра. Се надеваме дека таа ќе побрза да дојде да си го подигне подарокот.
Патем чантата не тежи многу и во неа нема пари, туку само парчиња безвредна хартија со ликови на оние за кои се зборува дека се вмешани во рекетот. Јанева должи одговорност и одговор. Одложената оставка не е решение на скандалот. Јанева може да го повтори делото, да избега или да влијае врз сведоците. Затоа нејзината одговорност треба да биде истражена во итна постапка, а таа да ја однесе оваа чанта кај нејзиниот пријател, вели Манасиевски.