ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Зоран Заев
Претседателот на Владата Зоран Заев во 14 часот ќе има обраќање. Претходно во текот на денот од Владата соопштија дека лидерската средба закажана за денеска нема да се одржи поради тоа што не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на средба.
Во соопштението стоеше дека Владата одбива да прифаќа ултиматуми од ако што велат, неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој според нив, заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја.
Според најавата на обраќањето Заев ќе информира за причините за одлагање на лидерската средба, како и за чекорите што се налагаат и ќе бидат преземени на патот на напредувањето на Република Северна Македонија.