-Ја знам целата вистина, но не е мое, ниту на СДСМ да се мешам и уште помалку во ова време кога имаме борба против криминалот. Секој што се огрешил пред законот мора да одговора, а борбата против криминалот ни треба и надвор, а и дома. Во време кога претходно се затскривале вакви случаи, сега се бориме да ги истераме до крај. Почитувани истражители, обвинители и судии, не ви треба политичарите, носете одлуки според законот. Мора да го вратиме владеењето на правото. Таа е пораката, немаме казни бесење и стрелање, казната најтешка е затвор.Треба да си го средиме законот оти сакаме и децата да ни растат овде”, рече Заев.
Во врска со тоа околу сознанијата кои ги имал премиерот и она што го пријавил во обвинителството, премиерот рече дека нема намера да одговара за детали со кои може да наштети на истрагата.