Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Битола изјави дека премиерот Зоран Заев пропуштил да одржи државнички прес со државничко обраќање.
Според Мицкоски, кај ВМРО ДПМНЕ се потврдуваат сомневањата дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и како што рече „Рускоска Обвинителството“.
– Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и времето покажа дека нашите тврдења биле точни. Денес премиерот ги потврди нашите тврдења дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и „Русковска обвинителството“. За жал денес премиерот пропушти да одржи државнички прес, со државничко обраќање до сите граѓани и заеднички да направиме чекор напред, изјави Мицкоски од Битола.
Фото-архива