Познато е дека Хамес Родригез не е во плановите на Зинедин Зидан за идната сезона, меѓутоа засега не е познато каде Колумбиецот би можел да ја продолжи својата кариера.
Хамес долго се поврзуваше со трансфер во Наполи, а интересот го потврдија и од клубот од Неапол, меѓутоа двата клуба не можат да се договорат околу висината на обесштетувањето, па се чини дека трансферот на колумбискиот репрезентативец во Серија А пропадна.
Наводно Хамес сега се одлучил за трансфер во Атлетико Мадрид, а Флорентино Перез ја поставил неговата цена – 50 милиони евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека овие пари не би требало да им претставуваат проблем на „Јорганџиите“, а дел од тие пари Реал Мадрид би можеле да ги искористат за купување на Пол Погба.