Државата не обезбедува гостопримство за иселениците и се обидува да ги задуши активностите на активистите на младинскиот форум на Движење Беса, велат од оваа партија откако биле уапсени нивни членови кои организирале пречек за иселениците во западна Европа.
„Притисокот на полицијата на СДСМ и ДУИ, доведе до апсење на некои од активистите на Движењето БЕСА. Симболичната акција има за цел да им обезбеди најтопло гостопримство на иселениците во нивната татковина, бидејќи тие се целосно занемарени од државата“, се наведува во партиското соопштение.
Од Движење БЕСА велат дека полицијата спроведува насилство и повикуваат на итно ослободување на нивните активисти.