Вработените во ЈЗУ Здравствен дом Скопје против смената на Мехмедовиќ

Вработените од Здравствен дом Скопје со отворено писмо реагираат до редакцијата на 24 инфо за најавената смена на директорот на ЈЗУ Злате Мехмедовиќ. Со смената се согласуваат само доколку нивниот директор биде унапреден или стане министер за здравство. Велат дека се презадоволни од неговата работа и не им е јасно зошто се менува еденод најдобрите директори кои ги имале.

-Лично суме презадоволни од неговото работење и како лекар и како стручен соработник но пред се како човек. Сите сме шокирани од одлуката дека треба да биде сменет. Со смената се согласуваме само доколку оди „нагоре“, односно биде унапреден- стои во писмото.

Николовска Александра вработена во ЈЗУ Здравстен дом Скопје, кабинет за магнетна резонанца во поликлиника Чаир за 24 инфо вели дека сите се задоволни од него од хигиеничарки, до лекарскиот тим со кој работел.

-Во негово време се набави и апаратот за магнетна резонца во нашата поликлиника, се набавија нови возила за Итна медицинска помош , се подобрија условите за работа се примија нови кадри и ни се олесни работата. Никој не очекуваше дека ќе го сменат- вели Николовска.

Смената на Мехмедовиќ ја најави пред три дена Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата на која информираше за смената директорите на институции, раководители, членови на Управни одбори.

За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО Сашо Василевски, директорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Драган Миновски, директорот на „Македонија пат Гајур Кадриу“, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, директорот на МЖ „Инфраструктура“ Ирфан Асани, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, директорката на Драмски театар Викторија Рангелова и други членови на Управни и Надзорни одбори.

Треба да знаете
Последни објави