Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Осомничените на 18 јули 2019 година неовластено заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата ја ставиле во возило „Форд Ц Макс“ кое било управувано од 53 годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „Фиат Пунто“ се движел второосомничениот 31-годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога возачот на Фиат Пунтото бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници.
Со цел обезбедување на натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.