Американската федерална агенција за имиграција и царина (ICE) и специјалните агенти на американското Министерство за внатрешни работи, помогнати од полицијата во Порторико, спроведоа операција наречена „Косово“, во која се уапсени 11 лица за шверц на дрога и нелегално поседување на оружје, објавено е на официјалната интернет страница на ICE.
Во акцијата спроведена во четвртокот, службите постапиле по обвинение дека неименувана организација шверцувала кокаин, крек, хероин и марихуана во една населба во Порторико, пренесе „Танјуг“.
Обвинети се вкупно 14 лица, од кои тројца и натаму се во бегство.
Им се закануваат затворски казни од минимум пет години, а максимум доживотна робија.