Промотивен штанд МојДДВ денеска ќе биде поставен во центарот на Прилеп пред супермаркетот Тинекс. На штандот граѓаните ќе може да скенираат фискални сметки, а екипите на терен ќе им помагаат на оние кои не знаат или немаат можност да ја користат апликацијата „Мој ДДВ” за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ.
Ова е еден од штандовите што Управата за јавни приходи за поддршка во процесот ќе ги отвори во своите 36 подрачни единици низ земјавa.
УЈП ќе отвори информативни штандови: киоск апарати, бар код читачи и паметни телефони преку кои ќе може на лице место да се регистрира фискалната сметка.
Проектот има за цел да го регулира бизнисот и да ги намали скриените трансакции, апочна да се применува од 1 јули годинава. Заклучно со 17 јули 2019 година, спорд податоците на УЈП, скенирани се 3.541.016 фискални сметки, остварен е промет од 1.846, 261.806 денари, додека повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 29.767.379 денари