Темната страна на ИТ рајот, зошто умираат тинејџерите?
Б92 – Белград
Младите луѓе кои живеат во Силициумската долина се под притисок да бидат генија и милијардери, нови основачи на Епл и Гугл.
Пред пет години, четири деца кои оделе во средното училиште „Gunn‟ во американскиот град Пало Алто, извршиле самоубиство.
Бран на самоубиства на средношколци се случи во период од седум месеци, а феноменот на овие самоубиства на млади луѓе во истиот град повторно се појави минатата година, кога се самоубија четворица тинејџери од истото средно училиште.
Феноменот за бранот на самоубиства се дефинира како низа од три или повеќе случаи на самоубиства на одредено подрачје во кус временски период. За САД, просекот е пет бранови вакви самоубиства годишно, а случајот од два вакви брана забележани во ист град дебело отскокнува од статистиката. Имено, два брана на самоубиства кои се случуваат на иста локација во иста деценија, статистички е исклучително ретка појава.
Пало Алто е еден од градовите на фамозната Силициумска долина, светски центар за развој на модерните технологии. Со 60.000 жители кој главно работат во ИТ компании како Гугл, Фејсбук или Тесла моторс, спаѓа меѓу тие градови во САД со највисок животен стандард и се смета дека неговите жители се најобразувани луѓе во земјата.
Новинарката Хана Росин за магазинот The Atlantic подготви репортажа за самоубиствата на тинејџерите во Пало Алто, со која ја прикажува темната страна на успешноста изградена околу Силициумската долина. Репортажата се бави со психолошката позадина на овие трагедии и ја истражува улогата на деструктивните влијанија на тамошните општествени норми со кои на тинејџерите им е наметнат огромен притисок да мора да бидат апсолутно најдобри во се што работат.
Поим за успешност
За многу луѓе од Силициумската долина, успехот не е некое одредено ниво кое можеш да го достигнеш,туку нешто што е константно на дофат до рацете, но секогаш останува недостижно. Тоа на некој начин важи секаде во Америка, но најмногу доаѓа до израз токму во Силициумската долина.
Кај претприемачите, се гледа во бескрајниот низ на собирање на пари, вработувања, иновации на производите, собирање на уште пари, надевање и молење, па собирање на уште пари. Потоа целиот процес почнува од почеток. За вработените во големите компании како Фејсбук и Епл, тоа често значи многу долги работни денови со цел сите нови функции и нови производи да бидат испорачани на време.
Деструктивната улога на општествените норми
Росин објасни на кои начини тешките општествени норми кои владејат во технолошката индустрија се испреплетени со секојдневниот живот во Силициумската долина.
На приказната за бранот на самоубиства на тинејџери била инспирирана од истражувањето на Сани Лаутер, професорка по психологија, која ги истражувала условите и проблемите на децата родени во сиромашни семејства и на деца од елитните општествени кругови. Лаутер во своето истражување ги споредувала условите во кои растат децата од сиромашните региони во САД со тие во Пало Алто. Некако во време кога Росин го проучувала истражувањето на професорката Лаутер, во медиумите одекнала вест за друг бран на тинејџерски самоубиства во Пало Алто.
Родителите на многу деца кои растат во Пало Алто се вработени во Силициумската долина, каде скалата за професионален успех и колку пари мора да заработиш се поставени неразумно високо.
Росин, која и самата одела на Универзитетот во Стенфорд, сместен во непосредна близина на Пало Алто, опишува во која мера технолошкиот бум ги трансформира училиштата во тоа подрачје. Средното училиште Gunn и нешто во помала мера средното училиште Пало Алто, се познати во целиот свет. Родителите ги жртвуваат годишните одмори и внимателно ги планираат семејните буџети за да можат да купат куќа токму во тоа подрачје, децата да добијат најдобро образование. Gunn, како и многу други елитни училишта во богатите заедници во Америка се стреми кон одличен успех, со тоа што претставува „екстремна дестилација на тоа што родителите кои припаѓаат во меритократската елита го очекуваат од училиштето‟.
Екстремно високи очекувања
Тоа што Пало Алто е прифатено како нормален стандард за успешност, не може да се спореди со стандардите во било кој друг географски предел во светот. Многу психијатри од Пало Алто велат дека им доаѓаат неверојатно многу страшно анксиозни луѓе чија нервоза произлегува од фактот дека до својата 40 година во животот не успеале да заработат милиони долари.
Последното во Пало Алто е прифатено како нормален пат до успехот, а таквите екстремно високи очекувања од професионалниот живот, луѓето дури и несвесно ги пренесуваат на своите деца. Росин вели дека Пало Алто е одличен пример за заедница на ултра богати и успешни луѓе темелена на општествени норми на исклучителност, кои се изолирани од поширокиот регион на Северна Калифорнија и од луѓето со целосно поинакви очекувања од животот. На тој начин, средношколците во Пало Алто имаат многу искривена перцепција за нормалното. Притисокот станува неиздржлив.
Норма која нема алтернатива
„Се се сведува на општествените норми, а општествените норми го создаваат општеството во целина. Повеќе никој не разбира никаква алтернатива или едноставно заборава дека алтернатива постои‟ – вели Росин. Додава дека во текот на работата на репортажата размислувала за тоа што би било ако Gunn Hign School е сместено некаде на друго место, на пример во Њујорк. Росин смета дека состојбата во тој случај би била многу поинаква.
Њујорк се карактеризира со дисперзирана култура. Таму живеат многу различни луѓе кои константно се во допир со разни општествени норми.
„Пало Алто е како остров‟ – вели Росин. „Изолиран е и во својата основа претставува фино мирно предградие. Жителите не се во допир со различни типови на луѓе кои се бават со различни дејности. Така големо мнозинство луѓе работат исти дејности, ги прифаќаат истите вредности и не доаѓаат во допир со поинакви општествени норми‟.
Од бунтовништво до корпоративен мејнстрим
Се поставува прашањето како заедницата е создадена врз основ на приказни за успех на бунтовници кои се откажувале од формалното образование, се спротивставувале на авторитетите и имале своја визија, мутирале во ваков вид на стандардизирано и униформирано општество во кое главна опсесија е да се запишат на најпрестижниот колеџ. Росин смета дека проблемот е токму во тоа што ова станало единствено сценарио.
Во изминатите децении, објаснува Росин, во 60-тите, 80-тите, па и во 90-тите години, материјалистичкото општество за стекнување имало своја алтернатива. Во сегашно време, таа алтернатива некако се изгубила.